Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28 отсто од можни 100 отсто, покажало истражувањето „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“ што го објави Центарот за граѓански комуникации.
Ова истражување покажало и дека ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност, со исполнување на обврските над 60 проценти.
„Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои шест основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето. Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност
од 31 отсто, а претпријатијата основани од општините 27 отсто. На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52 отсто, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0 се наоѓа АД „Градски трговски центар“, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации.