Мулер: руски хакери украле и замениле докази

американскиот специјален советник Роберт Мулер

Канцеларијата на американскиот специјален советник Роберт Мулер соопшти дека хакери од Русија украле и замениле докази во обид да ја дискредитираат истрагата за руските напори за мешање во претседателските избори во 2016 година. Станува збор за твитер сметка преку која биле хакирани некои докази во случај во кој една фирма е обвинета дека ја финансирала руската пропаганда во мешањето во американските претседателски избори.