Претседателството на ДУИ едногласно одлучи дека партијата на претседателските избори ќе оди со свој кандидат, изјави вечерва вицепремиерот Бујар Османи по средбата со претседателството во Мала Речица. Тој додаде дека партијата не ја исклучува можноста за соработка со други партии за кандидат за претседателските избори, доколку за тоа со создадат услови.
„Претседателсвото го овласти претседателот на партијата да може да разговара и со другите албански политички партии за евентуален концепт на заедничко излегување на овие избори или пак со другите политички партии на другите етнички заедници заради концептот консензуален какдидат, но доколку се создадат такви предуслови“, рече Османи.
Тој истака дека вечерва во партијата ќе продолжат да разговараат за други точки, како внатрешното организирање на партијата и други актуелности во државата.