Поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ, на Твитер објави дека неговата партија ќе ги бојотира сите наредни седници на српското Собрание. Тој наведе дека за „нивоата и формата“ на бојкотот, СДС ќе продолжи да разговора со останатите опозициони партии.
Најавата доаѓа по двомесечните масовни граѓански протести во Белград и другите градови во Србија, од кои беше упатен повик до опозицијата да предложи јасен план и механизми за излез на земјата од „насилството, лошата општествено-политичката состојба и за смена на актуелната власт“.
За наредните денови се највени нови граѓански протести во повеќе граддови во Србија, меѓу кои и за в сабота во Белград, а за првпат протестен собир ќе се одржи и во Косовска Митровица.