Димитров - Идната седмица можно потпишување на Пристапниот протокол за НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Прашање на денови е кога Македонија ќе го потпише Пристапниот протокол со 29-те земји членки во седиштето на НАТО во Брисел, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој рече дека се уште немаат прецизен датум, но оти може да се очекува тоа да се случи идната седмица.

„Потоа, веднаш процесот повторно се враќа во Парламентот во Атина и исто така ќе биде тоа прашање на неколку денови, со тоа практично ставаме точка на една цела ера. Со тоа завршува спорот, меѓутоа влегуваат во сила и Преспанскиот договор и амандманите на Уставот. И тоа создава од една страна големи шанси и го отвара патот, од друга страна многу административни обврски на кои мора да работиме, рече Димитров.

Тој појасни дека Македонија го добива столчето во НАТО веднаш штом се одобри пристапниот протокол, кој значи изменување на Вашингтонскиот договор.