Хаос со Брегзитот?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Нови преговори меѓу ЕУ и Британија?

Британската премиерка Тереза Меј доби неколку недели за да го спаси договорот за Брегзитот. Но, по се изгледа, ќе се судри со Европската унија, откако вети дека ќе го преиспита сегашниот договорот за кој преговараше година и пол. Од Брисел е соопштено дека сегашнниот договор е „најдобар и единствен начин“ да се обезбеди уредно излегување на Британија од Унијата.

Драматичната одлука на Тереза Меј да се откаже од пакетот што го запечати со 27-те лидери на ЕУ на самитот во минатиот месец дојде откако британските пратеници се изјаснија дека тие ќе го поддржат договорот за Брегзитот само ако биде отстранете контроверзната клаузула за враќање на ирската граница.

„Сега е јасно дека постои правец кој може да обезбеди значително и одржливо мнозинство во овој дом за напуштање на ЕУ со договор“, изјави Меј.

Таа притоа вети правно обврзувачки промени во договорот за повлекување од Унијата. ЕУ веднаш го отфрли тоа, инсистирајќи дека сегашниот договор со Британија останува „најдобриот и единствениот начин“ за постигнување уреден Брегзит.

Сега Меј може да се соочи со сериозен предизвик во убедувањето на Брисел повторно да ги отвори разговорите за чие завршување требаа 18 месеци.

Таа самата призна дека Унијата има „ограничен апетит" за повторно преговарање.

По гласањето во парламентот, лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин понуди да се состане со Меј:

„Ние сме подготвени да се сретнеме со неа за да ги изнесеме гледиштата на Лабуристичката партија, за тоа каков договор сакаме со Европската унија за да се заштитат работните места, животниот стандард и правата и условите во оваа земја“.

Премиерката Меј вети дека ќе им даде на пратениците шанса да гласаат за тоа што ќе се случува, ако таа не успее да обезбеди нов договор во текот на следните две недели.

Меј веќе се обиде и не успеа да издејствува дополнителни отстапки од Брисел за време на тешкиот самит во минатиот месец.

Ваквиот нов развој, според експертите, значително го зголеми ризикот дека заминувањето на Британија без договор на 29 март ќе создаде трговски и економски нарушувања на двете страни на Ла Манш.

Професорот по европска политика Ананд Менсон вели: „Парламентот сака договор за кој Европската унија соопшти дека нема да преговара, така што ова не ни помага многу“.