Осум истраги на СЈО под знак прашалник

Шефицата на СЈО, Катица Јанева

Шефицата на СЈО, Катица Јанева денеска изрази загриженост дека осум истраги на СЈО се под знак прашалник за предмети кои биле преземени од ОЈО, а за кои има прислушувани разговори. Според неа, истрагите зависат од тоа како во новиот закон ќе биде решена одредбата со која се утврдува дека СЈО има рок од 18 месеци од преземање на предметите и материјалите да подигне обвинение за случаите.

Таа за време на дебатата во МАНУ, порача и дека Министерството за правда треба да најде начин како ќе се чуваат бомбите кои произлегоа од прислушуваните разговори, кои во иднина, според неа, треба да станат историско богатство.

Врховниот суд утре треба да расправа дали СЈО смее да покренува истраги и обвиненија по јули, 2017 година откако истекоа 18 месеци од преземањето на бомбите во обвинителството.