Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор, голем број на компании се заинтересирани да си ги преселат своите бизниси во соседството, предупредуваат од Сојузот на стопански комори. Стопанските комори на денешната прес конференција испорачаа седум приоритети според кои како што рече претседателката Даниела Арсовска мора да се испочитуваат за да биде годинава економска година.
„Обезбедување политичка и правна сигурност, континуиран раст на стопанството, менување на законите исклучиво во консултација со бизнисот, јасна волја за напредок без корупција, итни реакции на институциите веднаш по какво било укажување на бизнис заедницата,
минимизирање на поларизацијата во општеството и зајакнување на борбата против сивата економија“, се приоритетите на ССК кои ги образложи Арсовска.
Секој од седумте приоритети на ССК во себе содржи по неколку барања од членките кои се засега вкупно 20.000 и доаѓаат од различни регони на Македонија.