Фејсбук со нови правила против „странско мешање“ во избори

Фејсбук ќе спречува „странски мешања“ за време на избори во Европа и на други места, со тоа што ќе промовира нови алатки во врска со политичките реклами. Компанијата ќе ги зајакне своите правила и ќе воведе заштитни мерки. Дополнителните алатки ќе бидат лансирани во Европската унија кон крајот на март. Тие треба да помогнат да се постигне потранспарентно политичко рекламирање на Фејсбук, рече денеска во Брисел, шефот на оваа компанија задолжен за глобалната политика и комуникации , Ник Клег.Новите правила бараат политички реклами поврзани со изборите во ЕУ во мај да бидат означени со „платено“.

Тој објаснува дека овие алатки ќе опфатат реклами кои експлицитно не поддржуваат еден кандидат или политичка партија, но кои се фокусираат на високо политизирани теми како имиграција. Сите политички реклами ќе бидат зачувани во библиотека со можност за пребарување до седум години, заедно со деталите за нивниот досег и конкретни податоци за купувачот.

Од Фејсбук соопштија и дека алатките за транспарентност за изборни реклами, исто така, ќе бидат лансирани следниот месец во Индија и воУкраина и Израел пред изборите таму.

Фејсбук во изминатите две години беше критикуван поради тоа што не делуваше доволно брзо за да се бори со лажните вести, пропагандните операции и екстремистичките содржини што се шират на нивната платформа.