ВМРО-ДПМНЕ денеска, како што најави лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, ќе поднесе барање за распуштање на Собранието на Македонија и за одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како и барање за оставка на премиерот Зоран Заев и формирање на техничка влада. Мицкоски по завршувањето на вчерашната седница на Централниот комитет рече дека барањето ќе биде доставено до Собранието на Македонија и оти тој очекува премиерот Заев веднаш потоа да поднесе оставка и да се формира техничка влада. Мицкоски додаде дека ќе инсистира техничката влада да се формира по Пржинскиот модел, односно 100 дена пред изборите, и додаде дека не е подготвен на компромиси за тоа прашање.