Франција и Шпанија подготвени да го признаат Гуадо

Хуан Гуадо

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е подготвен да го признае Хуан Гуадo за претседател на Венецуела ако изборите во земјата не се закажани за следната недела, објави Ројтерс. Претходно и шпанскиот премиер Педро Санчез го објави истото мислење.

На барање на САД, денеска Советот за безбедност на Обединетите нации одржува состанок за состојбата во Венецуела.

САД и повеќе од десетина латиноамерикански држави, Канада и Обединетото Кралство, го поддржаа Гуадо, кој го предводи Националниот конгрес на Венецуела - откако се самопрогласи за легитимен претседател. Во исто време,оспорениот претседател Николас Мадуро не покажува дека е подготвен да се откаже од власта. Мадуро ја презеде функцијата во 2013 година по смртта на Уга Чавез. Тој положи свечена заклетва за вториот мандат овој месец по мајските избори минатиот мај, кои беа нарушени со бојкот на опозицијата и обвинувањата за наместено гласање.

Венецуела се соочува со економски пад. Хиперинфлацијата, недостигот на енергија и основната храна доведоа до милиони луѓе да ја напуштат оваа јужноамериканска држава.