Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа.
Ова го напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.
Со 153 гласа „за“ и 146 „против“, грчкиот парламент денеска го ратификува Договорот од Преспа.