По 16 часа континуирана расправа, во 02.30 часот по полноќ заврши првиот ден од расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а продолжува денеска во 9.30 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.
Доколку не се случи нешто непредвидено, вечер или во текот на ноќта планирано е да се одржи гласањето.
Иако беше најавувано како веројатно сценариото Нова демократија да достави иницијатива за гласање недоверба на владата, сепак доцна синоќа грчките медиуми, повикувајќи се на извори од партијата, објавија дека такво нешто нема да се случи, а процесот во Парламентот ќе тече според предвиденото.
За попладне се закажани протести во центарот на Атина. Еден од т.н. „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организацијата што стои зад протестите против Договорот од Преспа, друг од Комунистичката партија на Грција.