Извештајот на германската Сојузна служба за миграции (БамФ) за вселување и иселување од Германија во 2016 и 2017 година, покажува дека голем број граѓани од Балканот одлучиле да се преселат во оваа земја. Само од Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, кои имаат најголема миграција во регионот, за тие две години во Германија се доселиле 211.791 лица.
Статистиката што ја објави германското Министерство за внатрешни работи покажува дека во исто време од Германија се иселиле 130.694 државјани на тие три земји, така што бројот на новодоселени странци е зголемен за 81.097.
Од Србија во 2016 и 2017 година се доселиле 51.143 лица, а се иселиле 52.575. Гледано по години, во 2016 година од Србија во Германија се доселиле 24.616 државјани на Србија, а се иселиле 33.021, а во 2017 година се доселиле 26.527, а се иселиле 19.554. Во 2016 година во Германија се доселиле и 24.010 државјани на БИХ, а се иселиле 16.335, а во 2017 година се доселиле 26.112 и се иселиле 12.088 босански државјани.
Кога станува збор за Хрватска, во текот на 2016 и 2017 година во Германија се доселиле 110.526 Хрвати. Во 2016 година година се доселиле 57.476 Хрвати, додека истата година од Германија се иселиле 25.741 Хрват, а во 2017 година во Германија се доселиле 53.050
Хрвати, а се иселиле 23.955.
Според доселувањата во Германија, во 2016 и 2017 година, Хрватска е на петто место, а предводат Романија со 432.852 доселеници и Полска, со 316.275, пред Бугарија со 158.761 и Италија со 128.968 доселеници.Во 2017 година во Германија околу 19,3 милиони граѓани имале мигрантско потекло, што значи дека секој четврти жител на земјата или е со потекло од странство или еден негов родител имал странско државјанство пред да се досели во земјата.