„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организацијата која стои зад протестите против Договорот од Преспа, ги повикува Грците утре попладне, во пресрет на гласањето за ратификација на договорот да излезат на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“, јави дописничката на МИА од Атина.
Тие повикуваат никој да не оди на работа, грчкото знаме на половина копје да се постави на секој дом, а камбаните на црквите да бијат во знак на жалост.
„Секој Грк и секоја Гркинка им го должиме тоа на оние кои ги оставија нивните семејства и се жртвуваа за Македонија да остане грчка пред околу 100 години“, соопштуваат организаторите.