Османи: ДУИ е за консензуален кандидат за претседател

Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека ставот на ДУИ е оти е време Македонија да има консензуален кандидат за претседател. Според него, тоа би бил кандидат кој ги надминува етничките и партиските линии, кој ќе спојува и ќе биде гласот во кризни моменти.

Османи одговарајќи на новинарски прашања, пред средбата со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу наведе и дека претставниците на ДУИ во текот на претстојните денови со нивните коалициони партнери ќе разговараат во однос на заедничкиот кандидат за претседателските избори.