Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за турската новинаска агенција Анадолија, изјави дека приемот на Македонија во НАТО најверојатно ќе се случи околу март следната година и дека Преспанскиот договор е премногу важен за да пропадне.
„Сметам дека наскоро, станува збор за денови, ќе ја видиме ратификацијата во грчкиот Парламент. Зачленувањето во НАТО ќе биде побрзо од она во ЕУ. Формално, во зависност од брзината на процесот на ратификација на Протоколот во различните парламенти, тоа ќе се случи најверојатно на почетокот на следната година“, вели Димитров.