Бегството на Никола Груевски никако не припаѓа во процесот на помирување и градење доверба меѓу различните политички структури во општеството, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Цивил медиа.
„Напротив, бегството на Груевски е чин на неодговорност и предавство кон сопствената држава и сопствениот народ. Исто така, воведувањето домашни притвори за дел од обвинетите од случаите на СЈО се одлуки на судските власти каде немаме намера и никако не смееме како извршна власт воопшто да се мешаме – доста беа нарачки на судски одлуки и тефтери, видовме до каде нѐ доведе тоа“, вели Заев.