Учениците од утре се враќаат на настава, нема продолжување на распустот

Околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња, по три недели зимски одмор, утре ќе се вратат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година без одложување поради епидемијата на морбили.

МОН пред една недела соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со министерствата за здравство и за труд и социнална политика, но Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство пред два дена заклучи дека нема продолжување на распустот за учениците.