Бугарската полиција денеска соопшти дека разбиле мрежа осомничена за финансирање тероризам. Во рациите ширум земјата се уапсени 43 луѓе.
Заменик државниот обвинител Иван Гешев изјави дека еден од уапсените е сириски државјанин кој е со постојан престој во Бугарија. Тој наводно праќал пари во странство на луѓе поврзани со меѓународни екстремистички групи. Гешев вели дека главниот осомничен бил во контакт и финансирал луѓе кои обезбедувале логистика за терористички групи.
Бугарските власти не кажуваат за кои групи станува збори, ниту во кои земји делувале тие.
Операцијата уследила после една година истрага во неколку земји членки на ЕУ.