Пазарџии денеска во Скопје протестираат против новиот Закон за зелени пазари со кој се бара тие да имаат лиценци за работа.
Тие го блокираа булеварот кај Битпазар, а се протестира и пред Собранието на Република Македонија.
Според законот, лиценците за тезгите ќе чинат 3.600 денари, а за втора тезга ќе треба да доплатат уште 2.400 денари. Пензионерите нема да можат да работат на пазаритe.