Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба во парламентот со 151 глас „за“ и 148 „против“. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи на расправата во грчкиот Парламент, кусо пред гласањето доверба на владата, ги извести пратениците дека Грција ја примила Вербалната нота од македонското МНР во која се соопштува дека се исполнети обврските согласно Договорот од Преспа. Ципрас рече дека во добиениот текст, „соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно појаснуваат: прво, дека терминот „националност“ се однесува исклучиво на државјанство и второ е дека македонскиот јазик е признат од 1977 година и и припаѓа на словенската група јазици”. Грчкиот премиер во неговиот говор му се обрати на лидерот на Нова демонратија Киријакос Мицотакиси го повика на дуел за Договорот од Преспа или во парламентот или на некоја телевизија.