Во Белград и вечерва се одржуваат протести. Вечерашниот собир организаторите „Еден од петте милиони-почнато е“ го одржуваат по повод годишнината од убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива на Косово-„Србија,демократија, правда“, Оливер Ивановиќ.
Колоната од повеќе десетици илјади граѓани беше повторно долга речиси еден километар и се движеше по веќе познатата маршута низ централните белградски улици до Плоштадот Славија.
Граѓаните на почеток на протестната колона го носеа транспарентот со зборовите на Оливер Ивановиќ-„Ние сме сепак повеќе“, а протестното шетање, кое беше меморијално се одвиваше во тишина, без пароли и свирежи, а беа пуштани само тонски записи со изјавите на Ивановиќ