Осудениот на 13 ипол години затвор Никола Војминовски за обид за убиство врз Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април, е во бегство, соопшти денеска Кривичниот суд.
Од Судот наведуваат дека надлежната полициска станица, која вршела надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена и продолжена на обвинетиот до правосилната пресуда, го известила Судот дека осудениот со неправосилна пресуда, не се придржувал до определената мерка.
По добиеното известување Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на обвинетиот му определил мерка протвор до негово пронаоѓање, а оти е издадена и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.