Истражување: се зголемува температурата на замрзнатите почви

Илустрација: градот Черски на Сибир.

Температурата на почвата во региони кои минимум две години постојано се под мраз, во текот на една деценија се зголемила просечно за 0,3 степени Целзиусови, велат научниците.

Студијата објавена денеска во онлајн списанието „Nature Communications“ покажува дека влијанието најмногу е изразено во североисточен и северозападен Сибир, каде температурата на замрзнатата почва се зголемила за 0,9 степени Целзиусови меѓу 2007 и 2016 година.

Температурата на воздухот во овие два региони се зголеми во просек за 0,61 Целзиусови степени во истиот период.

Истражувачите кои работат за Глобалната терестријална мрежа за мраз ГТН-П, за студијата собраа корисни податоци од 123 дупки во Арктикот, Антартикот и високи планински масиви во Европа и Централна Азија.