Брнабиќ: ЕУ нема стравувања од посетата на Путин

Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ЕУ нема стравувања за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград. Таа порача дека е важно Србија да има добри односи со сите.

„Не мислам дека ЕУ има грижи во врска со оваа посета, тие знаат дека имаме традиционално блиски врски со Русија и дека овие врски не се традиционално блиски само во поглед на културата, туку се и економски”, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека соработката со Русија е важна, меѓу другото, поради безбедноста на снабдувањето со гас.