Rускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја не е против новото име на Македонија, ниту против договорот меѓу Грција и Македонија, туку прашува колку процесот е легитимен.
Според него, Русија го поставува прашањето во која мера договорот за името на Македонија е резултат на стремежите на двете земји и народите на двете земји да најдат решение и компромис, а во која мера е резултат на “заложбите на САД сите земји на Балканот да влезат во НАТО”, што е можно поскоро и да се запре секое влијание на Русија во регионот. Лавров смета дека името на Македонија не било решено на ниво што го бара Уставот на земјата.
„Место правен пристап, што подразбира донесување на закони што ќе бидат потпишани од страна на претседателот на Република Македонија, се применува неправен пристап, туку пристап на правила. Измислено е правилото, според кое, покрај Уставот на Република Македонија, решението да може да биде потпишано на ниво на министер, а не на ниво на претседателот“, рече Лавров.