Косовскиот премиер Рамуш Храдинај и денеска повтори дека и покрај барањето на Вашингтон, таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина останува во сила.
„Уште денеска ќе ја укинеме таксата ако се дојде до договор за признавање. Но, може и никогаш да не биде укината, доколку Србија не е подготвена за договор. Ова нема врска со Америка, туку се однесува на Србија и Русија“, изјави Харадинај.