Русија и натаму го прекршува Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ), соопштија САД по новата рунда билатерални разговори кои завршија без договор.
Американски и руски дипломати се сретнаа во Женева во услови на зголемена загриженост за иднината на билатералниот договор. Американскиот претседател Доналд Трамп во октомври изјави дека Вашингтон ќе се повлече од договорот доколку Русија и не ги почитува неговите одредби.
Русија на обвинувањата претходно одговори дека договорот очигледно ги ограничува плановите на Вашингтон да оствари целосна доминација во воената сфера.