Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека околу 65 кутии вакцини имале погрешни декларации. Тој порача и дека ќе ги повикаат директорите на здравствените домови и тие кои ја примиле пратката со вакцини, да им укажат на пропустите и ќе преземат санкции кон одговорните.
Според Филипче, официјалните претставници на компанијата „Глаксо Смит Клајн“, имале увид во самата вакцина, пакувањето и рокот и ги увериле дека тоа е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди, потврден со испитување во европски лаборатории и истата вакцина се користи во сите земји на ЕУ.
Тој истакна и дека ќе инсистира и на максимална казна за веледрогеријата „Македонијалек“. Казната е парична, како што информираше Филипче, и се движи од 30 000 до 70 000 евра.