Каменос: Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа

Панос Каменос

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос денеска на Твитер упати критики до грчкиот премиер, Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

„Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа“, напиша лидерот на Независни Грци, Панос Каменос на неговиот официјален Твитер профил, веднаш по говорот на Алексис Ципрас во грчкиот Парламент.

Претходно грчкиот премиер истакна дека не се согласува со ставот на лидерот на Независни Грци во однос на прашањето за името, но и во однос на одлуката за повлекување од владата.

“Му кажав и него ќе кажам и јавно. Сметам дека греши, мислам дека не постапува правилно. Исто така не сметам дека опција како оваа беше неизбежна бидејќи овој избор ја став ги стави во опасност обидите на владата,” објасни Ципрас во парламентот.