Турција нареди апсење на 192 лица, поради сомневање дека тие се поврзани со мрежата на турски имам Фетула Ѓулен, кој живее во егзил во САД. Властите во Истанбул и Адана наредија апсење на повеќе од 100 осомничени воени лица минатата недела, пренесе „Ројтерс“.
Во обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, околу 250 луѓе беа убиени, а Ѓулен и неговата мрежа се обвинети за организирање на државниот удар, што тој го негира. Оттогаш, повеќе од 77 000 лица се притворени и чекаат судење, додека 150 000 државни службеници, воен персонал и други лица се суспендирани од работа или отпуштени.
Анкара го обивнува Ѓулен за обидот за државен удар.