Уставните измени со коишто се менува името на државава од Република Македонија во Република Северна Македонија денеска се објавени во Службен весник, а со потпис на претседателот на Собранието Талат Џафери. Со овој чин се официјализира промената на уставното име, што пратениците со двотретинско мнозинство ја изгласаа во петокот. Како што деновиве соопшти и премиерот Зоран Заев, за објавување на оваа одлука не е потребен потписот на претседателот Ѓорге Иванов.
Сепак, за да стапат во сила уставните измени, Преспанскиот договор треба претходно да биде ратификуван во грчкиот парламент. Утре пак во грчкиот парламент почнува дводневна расправа за гласање доверба на грчкиот премиер Алексис Ципрас.