Oпозицијата може да ги бојкотира претстојните претседателски избори во мај доколку Собранието не изгласа предвремени парламентарни избори, изјавил за Алсат генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Јанушев изјави дека има неколку причини зошто опозицијата повикува на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Меѓу причините, Јанушев ги наведе уставните промени што ги смета за насилни и несоодветни, економските неуспеси и недостатокот на реформи.