ЕУ ги следи националните процедури за имплементација на Преспанскиот договор

Маја Коцијанчич

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска изјави дека Унијата го поддржува Договорот од Преспа и внимателно ги следи националните процедури кои треба да се спроведат за негова имплементација. Таа повтори дека „ЕУ го поддржува историскиот договор од Преспа, кој претставува израз на политичка храброст и лидерство во решавање на еден од најстарите спорови во регионот“.

„Ова е уникатна можност да се надминат потешкотиите од минатото и да се зајакне помирувањето во регионот и во Европа. Ги следиме националните процедури кои треба да се спроведат за да се имплементира договорот“, рече Коцијанчич во коментар околу ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција, по усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент.