Досега 22 болни од морбили, хоспитализирани уште две деца

Пункт за вакцинирање „Бит пазар“. Во Скопје е прогласена епиемија за мали сипаници.

Министерството за здравство информира дека денеска до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца суспектни на морбили.

" Станува збор за едно дете од селото Крушопек-Сарај и има едба година и едно девет месечно дете од населбата Шуто Оризари, двете невакцинирани. Тоа значи дека во моментов има 22 болни од морбили, од кои 20 се деца и двајца се возрасни", се појаснува во соопштението од Министерството за здравство.

Во вакциналните пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 10 деца или вкупно до денеска 1,904 лица ја примиле МРП вакцината.

Од Министерството за здравство уште еднаш повикуваат на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините.