Педесеттина поддржувачи на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ дваесетина минути го блокираа патот што води кон зимскиот центар кај жичарницата во Тетово. На овој начин тие го искажаа своето незадоволство од, како што рекоа, несовесноста, неодржливоста, заборавените инвестиции и уништувањето на едно од најпознатите рекреативни места од самите локални и државни структури.
Претставникот на иницијативата Амбди Сулејмани, вели дека соседните туристички центри имаа милионски обрти, а Попова Шапка, со која управува ЕЛЕМ, спротивно на тоа има милионски годишни загуби.
Тој упати и повеќе барања за надминување на состојбите.