Мицкоски побара парламентарни избори со претседателските

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва пред партиското седиште пред новинарите побара веднаш да се распушти Собранието и да се распишат вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските.

Мицкоски ова го изјави откако претходно Собранието ги усвои уставните измени кои произлегуваат со Договорот од Преспа.

„Според законските прописи и врз основа на минатото искуство на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана. Потребни се избори на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, народот ќе каже каква Македонија сака сака Северна Македонија на Заев, понижена и засрамена или Македонија на народот, горда, напредна и почитувана“, рече Мицкоски.

На прашањето кои се следите чекори на партијата, Мицкоски одговори дека тоа ќе се види во периодот, кој следи, а не ја исклучи ниту можноста за бојкотирање на Парламентот.