Меркел: спорот со името може да заврши

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Меркел и Ципрас: со Договорот од Преспа добива и цела Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас по двочасовните разговори во Атина изразија целосна поддршка на Договорот од Преспа. Според нов, со решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција добива и цела Европа.

„Знаевме дека решението нема да биде лесно“, изјави германската канцеларка Меркел, која поздравувајќи го Договорот од Преспа како заемно корисен за Грција и за Македонија изјави:

„Јас нема да се инволвирам во грчката внатрешна политика и позициите на нејзините различни партии, но мислам дека спорот околу името може да заврши“.

Оценувајќи дека овој договор ги одразува заедничките европски вредности таа повтори дека тој и овозможува на Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија.

Меркел и со благодарност до премиерот Ципрас за, како што рече, „оваа решителна акција“.

„Грција очигледно има поинаква емотивна поврзаност за ова прашање од Германија и затоа можам само да кажам дека мислам оти овој чекор што Алексис Ципрас го презеде како грчки премиер е решавачки чекор од кој корист ќе имаат не само Грција и Македонија, туку и цела Европа“.

Алексис Ципрас пак, Преспанскиот договор го оцени како „модел договор“ кој ќе донесе стабилност и развој во регионот.

Преспанскиот договор е многу важен чекор напред за стабилноста, безбедноста и билатералниот економски раст и верувам дека тоа е модел за идни договори, план за изнаоѓање прифатливи решенија“.

Ципрас, алудирајќи на претходната посета на Меркел на Атина во времето на големата финансиска криза во Грција, изјави дека бил горд што Грција веќе не е дел од проблемот во Европа, туку дел од решението.

„Грција од 2019 година ја напушта ерата на дефицити, повторно бележи позитивни стапки на раст. Таа е шампион во Европа за намалување на невработеноста и шампион во реформите“.

Ципрас своевремено ја обвинуваше Германија за ригорозните мерки за штедење наметанти на Грција.

Тоа беше доволен повод да биде катапултиран на власт во 2015 година кога ја шокираше Европа со изјавите дека Грција сака да ја запре странската финансиска помош и да замине од еврозоната.

По неколкумесечни напнати преговори со европските лидери, Ципрас сепак прифати меѓународна помош за Грција.

Инаку, Грчката полиција употребила солзавец врз левичарски демонстранти кои протестираа против посетата на Меркел.

И покрај забраната за демонстрации во центарот на градот во текот на дводневната посета на Меркел, неколку десетици луѓе успеале да го пробијат полицискиот кордон пред да бидат истуркани од полицијата.

Нема извештаи за повредени или уапсени.

За безбедноста во Атина за време на посетата на Меркел се ангажирани 2 илјади полицајци, хеликоптери и дронови, додека некои улици и метро станици се затворени.