Македонските пратеници денеска би требало да расправаат за уставните измени за промена на името на државата, додека премиерот Зоран Заев се обидува да најде доволно гласови за да бидат тие усвоени. Дебатата, закажана за 12 часот, следи по вчерашното одложување на собраниската седница. За усвојување на уставните амандмани за преименување на земјата во Северна Македонија е потребно двотретинско мнозинство во парламентот. Доколку бидат одобрени, промената ќе помогне во решавање на деценискиот спор со соседна Грција и ќе го отвори патот за членство во НАТО и во Европската унија.