Ципрас: Договорот од Преспа во грчкиот парламент во текот на месецов

грчкиот премиер Алексис Ципрас

„Процесите за ратификација на Договорот од Преспа во Грција, ќе почнат веднаш откако во Скопје ќе завршат уставните измени и резултатот ќе и биде соопштен на официјална Атина“. Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во синоќешното интервју за грчката телевизија Опен. Според неговите проценки, во текот на овој месец пратениците во Грција ќе гласаат за ратификацијата на овој договор. Ципрас изрази убеденост дека постои мнозинство во Парламентот како за Договорот од Преспа, така и за доверба на Владата, но и надеж дека неговиот коалициски партнер нема да ја турне владата.