Европската унија воведе санкции врз иранската разузнавачка служба и двајца официјални претставници обвинети дека биле вмешани во серија убиства и заговори насочени против ирански дисиденти во Холандија, Данска и Франција. Одлуката едногласно ја донесоа сите земји членки на Унијата. Врз основа на информации од разузнавачките служби ЕУ процени дека Иран бил вмешан за напади или планирани акции против претставници на иранската опозиција. Иран негира секаква вмешаност во тоа.