Помпео: БиХ да ја прифати програмата за соработка со НАТО

Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го повика тричленото Претседателство на Босна и Херцеговина да ја прифати Националната годишна програма за соработка со НАТО, истакнувајќи дека не постои причина за загриженост оти тоа може да има влијание врз односите со соседите бидејќи, како што рече, и Србија, иако не е членка на НАТО, има значајна соработка со Алијансата. Помпео во писмото до Претседателството наведува декa БиХ е од стратешко значење за регионална соработка и дека САД сака поголем степен на соработка со БиХ.