Алијансата на Албанците најверојатно ќе ги поддржи уставните измени, откако попладнево премиерот Зоран Заев прифати дел од нивните барања. Поточно, во преамбулата се брише зборот „граѓани кои живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници. Заев објасни дека според таа формулација, излегува дека тие привремено живеат во Македонија и оти со бришењето на зборовите „кои што живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека привремено живеат во земјава.
Премиерот рече дека од преамбулата е тргнат и зборот „граѓаните“ кој два пати се споменува.
“Прифатено е предлогот да се тргне делот „ кој што живее во границите“ за да не остави впечаток дека граѓаните Албанци и други се како времено да се тука. Го тргнавме и другото „граѓани“ има дуплирање на „граѓаните“ во Преамбулата. Граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, турскиот народ… ќе биде конечната формулација во Преамбулата”, изјави Заев.
Заев рече дека го отфрлил барањето на Беса за албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија.
Села пак нагласи дека неговата партија останува на истата позиција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
"Ние како Алијанса за Албанците нема да тргнеме раце од нашето барање за албанскиот јазик, за да биде дефиниран како албански јазик, а не како јазик што е различен од некој друг јазик. За овој дел се уште немаме постигнато договор и компромис", изјави Села.
Изрази задоволство поради постигнатиот договор околу менувањето на преамбулата што се однесува на „граѓани коишто живеат во границите“.
На новинарското прашање дели ќе дадат поддршка на уставните амндмани, Села посочи дека тоа ќе се дознае на денот на гласањето во Собранието.