Путин го одликува Вучиќ со орденот Александар Невски

Српскиот претседател Александар Вучиќ е одликуван со орденот Александар Невски, објавено е денеска на официјалната страница на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Во соопштението се наведува дека Путин го потпишал декретот за доделувањето на одликувањето Александар Невски за Вучиќ за големиот личен придонес за развојот на мултилатералната соработка со Руската Федерација.

Орденот на Свети Александар Невски меѓу другите им е доделен на српските кралеви Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ, а последен пат во Србија му е доделен на поранешниот српски премиер Никола Пашиќ, кој ја водеше земјата за време на Балканските војни и во Првата светска војна.