Цариград ѝ го даде томосот за автокефалност на украинската црква

Поглаварот на Украинската православна црква, митрополитот Епифаниј, го држи томосот на церемонија во црквата Свети Ѓорѓи во Истанбул

Вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде томосот за автокефалност на украинскиот митрополит Епифаниј. Тој денеска му го предаде декретот за независност на црквата на церемонија во Истанбул. Томосот беше потпишан вчера. Со тој документ и се дава на православната црква во Украина независност или автокефалност, со што завршува повеќе од тривековната руска верска контрола во Украина. Вартоломеј на церемонијата на потпишување, вчера, рече дека сега Украинците ќе може да уживаат во „светиот дар на еманципација, независност и самоуправа, ослободувајќи се од секоја надворешна зависност и интервенција“. Украинскиот митрополитот Епифаниј треба да го донесе документот во Киев.

Русија долго се спротивставува на ваквите напори на Украинците за независна црква. Портпаролот на Руската православна црква, Владимир Легоида, вчера го осуди давањето на томосот и рече дека документот е резултат на политички и лични амбиции. Тој вели дека е потпишан со кршење на каноните и затоа нема никаква канонска сила.