Над 1000 деца примиле вакцина против мали сипаници

Пункт за вакцинирање „Бит пазар“.

Досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца против мали сипаници, од кои само во текот на денешниот ден, до 13 часот, 28 деца примиле МРП вакцина.Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска и утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.