Сообраќајки поради лизгавите патишта

рхивска фотграфија - Расчистување на снег.

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонија пат.

Претходно беше укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак – Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“. Од ЈП Македонија пат посочуваат дека нивни дежурни екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Поради лизгави коловози синоќа во штипскиот регион имало четири сообраќајни несреќи, во кои се повредени шест луѓе.

Причините за сообраќајните несреќи синоќа на патните правци во источниот регион се неприспособената брзина на возилата, несоодветната зимска опрема, како и ниските температури, кои не дозволиле снегот да се растопи, вели раководителот нарегионалната подружница на ЈП „Македонија пат“, Кире Коцев.