Германската канцеларка Ангела Меркел следниот четврток и петок, на 10 и 11 јануари ќе ја посети Атина. Предвидено е да се сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе биде примена и од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Меркел ќе се сретне и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Заменичката портпаролка на германската влада, Мартина Фиц изјавила дека на агендата средби ќе се најдат билатералните односи и европските и меѓународните прашања, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
А за тоа дали ќе се разговара и за Договорот за иметоФиц ја истакнала поддршката на Берлин за затворање на деценискиот спор меѓу двете земји.
„Не можам од сега да кажам дали канцеларката ќе разговара за ова прашање во Атина, но можам да кажам дека уште од почеток германската влада го поздравува договорот за решавање на спорот за името и продолжува да се надева дека овој децениски спор може конечно да се реши. Сега треба да ја чекаме уставната промена во Скопје и ратификацијата во Атина, рекла Фиц, според грчката новинска агенција.