Тевдовски тврди дека прогресивниот данок нема да предизвика зголемување на цените

Архивска фотографија- министерот за финансии Драган Тевдовски

Прогресивниот данок нема да се одрази врз животниот стандард на населението и од неговото воведување не може да се очекува никакво зголемување на цените, бидејќи станува збор за данок на доход што ќе го плаќаат само околу еден отсто од најбогатите, рече вечерва министерот за финасии Драган Тевдовски.

Тој во интервју за ТВ Канал 5 истакна дека прогресивен данок има во сите земји од Европската унија кон која ние се стремиме, како и во САД. Нагласи дека очекува да биде остварена проекцијата за раст на БДП од 3,2 отсто во 2019 година и додаде дека се покажува оти Министерството за финасии оди со кредибилни проекции.

Според Тевдовски веќе е стабилизиран јавниот долг иако, како што рече, од минатата власт се оставени големи обврски за сервисирање. Во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8 отсто од БДП, а ланската година Македонија ја заврши со јавен долг од 48,2 отсто.